Темен режим Режим на светлина

Ковид-биланс: Тројца починати и 10 нови заразени

Во последните 24 часа, три лица починаа како последица од ковид, а од направени 2.302 тестирања, регистрирани се 10 нови случаи на заразени.

Починатите лица се од Крива Паланка (76г), Дебар (69г) и Кичево (65г), сите во болнички  услови.

Новите заразени се од: Скопје и Куманово – по 2, Тетово, Велес, Кавадарци, Охрид, Свети Николе и Крива Паланка – по 1.

Регистрирани се и 17 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.655, бројката на оздравени пациенти е 149.933, на починати е 5.481, а бројот на активни случаи изнесува 241, од кои 89 во Скопје.

Во 11 градови нема ниту еден активен случај.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Радев прогласи победа во Луксембург: И покрај притисоците, успеавме

Следна објава

Заев објаснува зошто „македонска“ не оди со „репрезентација