Сертификат за прележан Ковид-19 ќе се добива и преку „Мој термин“

Во Националниот систем „Мој термин“ е воведена можноста за издавање сертификат за прележан Ковид-19. Сертификатот им се издава на сите лица кои во последните девет месеци биле позитивни на Sars-Cov-2 и се регистрирани како позитивни случаи во Националниот систем.

-Сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава на страницата vakcinacija.mk Сертификатот е на македонски и англиски јазик, содржи податоци за лицето (име и презиме, ЕМБГ, ЕЗБО, датум на раѓање, пол) тип на тест, датум на тестирање, датум на позитивен резултат, здравствена установа (лабораторија) каде што е направено тестирањето, како и QR-код. Сертификатот е заверен со дигитален печат на Министерството за здравство, соопшти Министерството.

Претходна вестГрција ќе им дава по 150 евра на младите за да се вакцинираат
Следна вестИм се заканувал на полицајци, завршил во притвор