Во Гевгелија и Демир Капија измерени 43 степени, „најсвежо“ во Маврово со 30

Во Гевгелија и Демир Капија денеска се измерени 43 степени, во Скопје, Струмица и Штип 41, а во Битола и Тетово 39. Во Охрид и Преспа се регистрирани 34, а најсвежо е во Крушево со 31 и Маврово со 30 степени.

УХМР предупредува дека продолжува периодот на стабилно и многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Максималните температурни вредности долж Повардарието за 2 до 3 степени ќе го надминуваат 40-иот степен. И во наредните денови насекаде ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.

Утре максималната температура ќе достигне до 42 степена, а вредноста на УВ индекост до 9.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 41 степен.

Претходна вестНа есен ќе се знае дали вакцината против ковид ќе стане сезонска
Следна вестЧетворица Британци хакери измама украле над 15 милиони денари од фирма од Радовиш