Кичеец повеќе нема да може да користи олеснувања, префрлен е во полуотвореното одделение во струшкиот затвор

Осудениот во случајот „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец, е префрлен од отвореното во полуотвореното одделение во Затворот „Струга“.

Тоа значи дека тој повеќе нема да може да ги користи олеснувањата што ги добиваат сите осудени лица во отворените одделенија, информираат од Управата за извршување санкции.

Причина за ваквата одлука е новата кривична постапка што се води против Милески, а со која тој се сомничи дека ја предизвикал сообраќајната несреќа што се случи кај Стража пред десетина дена, додека беше надвор од затворот наводно поради здравствени проблеми.

По сообраќајката Милески беше во притвор до 9 септември до кога му беше решението да се екуа надвор од затворот.

Според информацијата од Управата за извршување санкции, Милески имал документација дека треба да се лекува од тахикардија и за тоа добил еден месец.

Претходна вестСовет за безбедност: Лицата од Авганистан минале безбедносни проверки
Следна вестСе степаа фудбалери на „Тетекс“ и „Кадино“ и завршија во полиција