Протести против ковид пропусниците денеска имало и во Хрватска. Имено, во Загреб се собрале околу 15.000 луѓе кои барале да се укинат задолжителните потврди за ковид, кои се во сила во Хрватска во секторите за здравство и социјални услуги, како и во јавните и државните институции.
Дел од протестантите се упатиле да негодуваат и пред зградата на ХРТ затоа што не биле задоволним како телевизијата информира.
Инаку, како што пренесуваат тамошните медиуми, протестанти пристигнувале во Загреб со автобуси од цела Хрватска.