Темен режим Режим на светлина

Албанија даде зелено светло за единствена контрола на границата со Македонија

Албанскиот парламент на денешната седница го ратификува договорот за заеднички контроли на граничните премини со Македонија.

Тоа подразбира заеднички гранични контроли по истиот модел како што Албанија има со Косово и Црна Гора, а Македонија засега со Србија.

Долж македонско албанската граница функционираат граничните премини Блато и Џепиште (кој е од локален карактер и веќе функционира заедничка контрола) кај Дебар, Ќафасан кај Струга, Стење кај Ресен и Свети Наум кај Охрид.

На сите шест гранични премини ќе има само еден контролен шалтер.

Целта е да се олесни движењето на луѓе и стока, да се зголеми соработката во исполнувањето на заедничките безбедносни интереси и брзата размена на информации, да се зајакне професионалниот капацитет на службениците на граничната полиција и да се контролира квалитетот на спроведувањето на законот за граничната контрола.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

До кога вака: Во 24 часа починаа 14 луѓе, 473 се регистрирани со ковид

Следна објава

СДСМ и ДУИ бараат вонредна седница на Советот на Скопје за помош на семејствата на настраданите во Бугарија