Темен режим Режим на светлина

До кога вака: Во 24 часа починаа 14 луѓе, 473 се регистрирани со ковид

Во последните 24 часа, регистрирани се 473 нови случаи на ковид-19 од направени 2.708 тестирања, починале вкупно 18 лица, 14 во изминатото деноноќие и четворица пријавени преку системот „Мој термин“.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица: 3 починати лица од Скопје (68г, 84г и 84г), по 2 починати лица од Куманово (66г и 70г) и Битола (77г и 79г) и по едно починато лице од Тетово (69г),  Велес (89г),  Кавадарци (79г), Крива Паланка (76г), Пехчево (93г), Ресен (76г) и Демир Хисар (82г). Од пријавените 13 лица се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 09.11.2021 до 22.11.2021. Регистрирани се починати лица од Македонска Каменица (2), Битола (1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 75-89г, сите лица се починати во домашни услови.

Од новорегистрираните, од Скопје се 246, Битола 41, Кавадарци 23, Охрид 22, Куманово 21, Прилеп 18, Кочани 13, Велес 11, Струмица и Гевгелија по 9, Валандово 7, Берово 6, Штип 5, Кичево, Крива Паланка, Пробиштип и Македонска Каменица по 4, Тетово, Свети Николе, Кратово и Демир Хисар по 3, Гостивар, Струга, Неготино, Ресен и Богданци по 2 и Радовиш, Делчево, Крушево и Македонски Брод по 1.

Од 505-те оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 213.779, бројот на оздравени пациенти е 197.998, на починати е 7.492, а бројот на активни случаи изнесува 8.289, од кои 3.845 во Скопје.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Од утре повторно нема возови - железничарите не го добија вториот дел од платата за октомври

Следна објава

Албанија даде зелено светло за единствена контрола на границата со Македонија