Темен режим Режим на светлина

Од утре повторно нема возови – железничарите не го добија вториот дел од платата за октомври

Железничкиот сообраќај од утре во 7 часот ќе биде во прекин поради неисплатен втор дел од платата за октомври, најавија претседателите на синдикатите на машинскиот и извршен персонал во Железници на РСМ Транспорт, Тони Димовски и Душко Чакаровски.

Со овој чекор всушност се реализира нивната најава за прекин на работата доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатен вториот дел од платата за претходниот месец.

Машинскиот и извршниот персонал во Железницата го прекинаа железничкиот и товарниот сообраќај и на 1 ноември, поради неисплатен втор дел од септемврриската плата. По исплатата наредниот ден ја прекинаа блокадата, но до раководството на железничкото претпријатие доставија одлука дека доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатена целосно платата за претходниот месец, повторно ќе ја бојкотираат работата од 7 часот наредниот ден.

Во одлуката е наведено и надоместот за материјални трошоци да се исплаќа најдоцна до 10-ти во месецот, и дека во спротивно, нема да работат веќе од наредниот ден.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Раководителка во Агенцијата за вработување три години си пазарела со службената картичка

Следна објава

До кога вака: Во 24 часа починаа 14 луѓе, 473 се регистрирани со ковид