Темен режим Режим на светлина

СДСМ и ДУИ бараат вонредна седница на Советот на Скопје за помош на семејствата на настраданите во Бугарија

Советничката група на СДСМ, ДУИ и коалицијата во Советот на Град Скопје, денеска достави барање за свикување на итна седница на Советот.

На оваа седница единствена точка на дневен ред би била помошта кон семејствата на нашите сограѓани кои загинаа во страшната автобуска несреќа во Бугарија.

Го поздравуваме предлогот да се обезбедат два милиони денари за помош на семејствата на настраданите, секако треба да се види можноста тој износ дополнително да се зголеми. Сепак, не треба да се чека редовната седница на Советот, туку тоа може да се обезбеди и со вонредна седница за што денеска како советничка група поднесуваме иницијатива. Скопје е град на солидарноста, град кој подава рака секому кому му е потребна помош така е и сега, без да ги делиме луѓето по верска и етничка припадност. Денеска политиката ја оставаме на страна, повикуваме на сплотеност за што побрзо да им помогнеме на нашите сограѓани.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Албанија даде зелено светло за единствена контрола на границата со Македонија

Следна објава

Кривични пријави против малолетници кои ограбиле две цркви