Четири лица од кои две потешко се повредени во сообраќајна несреќа која вчера во 15 часот се случила на автопатот Скопје – Куманово, спроти насeлба Хиподром.
Во сообраќајна несреќа учествувале „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувана од Е.Т.(41) од с.Долно Коњари, скопско и „сеат ибица“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.С.(44) од с.Агино село, кумановско.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „сеат ибица“, Б.Т.(47) од с.Агино село, а уште една сопатничка од возилото, А.С.(26) од истото село, и двајцата возачи се здобиле со телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.