Темен режим Режим на светлина

Одложени состаноците на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ за оставката на Заев

СДСМ ги одложи за вечерва закажаните состаноци на Извршниот и на Централниот одбор поради деновите на жалост и несреќата што се случи во Бугарија кога во македонски автобус изгореа 46 патници, а неколкумина се повредени.

Нема информација кога ќе се одржат овие состаноци, на кои, како што беше најавено, се очекуваше претседателот на партијата Зоран Заев да поднесе оставка на оваа функција и да почне да тече рокот од 15 дена за распишување внатрепартиски избори за нов лидер.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Синдикатите и Филипче прават сметка без газда: Работодавачите се против тие да ги плаќаат ПЦР тестовите

Следна објава

МНР објави список со имињата на преживеаните од автобуската несреќа