Од петок почнува исплатата на ноемвриските пензии

Владата на денешната седница донесе одлука пензионерите да може да располагаат со ноемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26 ноември, петок.

Владата им препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.11.2021 година (петок);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.11.2021 година (понеделник);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.11.2021 година (вторник); и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.12.2021 година (среда).

Претходна вестЗа новите антиковид мерки ќе се расправа на наредната владина седница
Следна вестВтор ден од пукањето во училишен двор во Бутел: Што чека МВР?!