Четири лица повредени во сообраќајката на автопатот Скопје-Куманово

Четири лица од кои две потешко се повредени во сообраќајна несреќа која вчера во 15 часот се случила на автопатот Скопје – Куманово, спроти насeлба Хиподром.

Во сообраќајна несреќа учествувале „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувана од Е.Т.(41) од с.Долно Коњари, скопско и „сеат ибица“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.С.(44) од с.Агино село, кумановско.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „сеат ибица“, Б.Т.(47) од с.Агино село, а уште една сопатничка од возилото, А.С.(26) од истото село, и двајцата возачи се здобиле со телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестОткажани сите активности на Собранието
Следна вестБугарска истрага: Во автобусот имало и втор возач, дел од преживеаните се во шок и не можат да сведочат