Темен режим Режим на светлина

АХВ повлече од продажба 37-грамско пакување на чоколадо „Милка Орео“ поради присуство на парчиња пластика

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека од продавниците се повлекува чоколаден бар „Милка орео“ од 37 грама. Повлекувањето му е наложено на операторот со храна ТД „Нелт СТ“ ДООЕЛ, поради присуство на пластични фрагменти.

– Повлекувањето се однесува за производот под назив „Чоколаден бар Милка Орео 37 гр.“ со сериски број/лот: OSK0934652 и рок на употреба до 18.8.2024, од производителот „Mondelez Polska Production SP Zoo“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на АХВ.

Увозник и дистрибутер во земјава е компанијата ТД „Нелт СТ“ ДООЕЛ.

Истиот производ, со ист сериски број и рок на употреба, пред неколку дена е повлечен и од хрватскиот пазар поради истата причина – можно присуство на парчиња пластика

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

ЧЕСТИТ 8 МАРТ Биди горда што возиш безбедно!

Следна објава

Во бугарскиот конзулат во Битола имало „недозволиви прекршувања“, се тврди дека чистачка правела интервјуа за државјанства