Темен режим Режим на светлина

Албанија ни воведе задолжителен двонеделен карантин

Албанија од утре воведува двонеделен карантин за сите кои влегуваат на нејзина територија од нашата земја и од Грција.

Одлука за ова денеска донесе Комитетот на експерти за справување со пандемијата и истата ќе биде во сила до трети мај.

Како причини се наведуваат зголемениот број заразени и починати од ковид во нашата земја и во Грција, додека во Албанија, масовната вакцинација дава резултати.

Исто така како причина за ваквата мерка се и претстојните велигденски празници кои во Албанија ќе донесат многу лица и емигранти од други земји, а имајќи предвид дека минатата година по овој празник бројот на новозаразени забележал голем раст, како и зголемен број смртни случаи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Незначителна корекција на цените на горивата, еуросупер – 95 се намалува, дизелот се зголемува

Минатиот понеделник поевтинија, сега поскапуваат за половина денар - од полноќ нови цени на бензините

Следна објава

Џафери: Не работам своеглаво, заразените пратеници гласаа по протокол