Темен режим Режим на светлина

Амбасадорот на Франција Риголер: Одлуката за гласањето на Македонија во Њујорк беше неочекувана, потребна е унитарност

Ставот на Македонија во Обединетите нации е неочекуван. Ова е коментарот на францускиот амбасадор во земјава Кристоф ле Риголер, за одлуката на Скопје да гласа „воздржано“ за двете резолуции во Њујорк за војната во Украина, а притоа да биде ко-спонзор на американската. Според амбасадорот постои империјализам на еден сосед во однос на друг, до тој степен што се негира неговото постоење, идентитет, и јазик и тоа е тема која што бара единствен европски одговор.

Премиерот Мицкоски вели – македонската политика беше во целосна коориднација со САД, а воздржаниот глас за американската резолуција е поради амаднанот кој Генералното собрание го усвоил, па воздражано гласала и Америка. Но, тој потсети дека резолуцијата чиј ко-спонзор е и земјава, добила мнозинство во Советот за безбедност.

Владата делува како залутан играч, прави екскурзии и при тоа, без причина ја напушта европската надворешна стратегија, вели лидерот на СДСМ Венко Филипче. Според него одлуките на земјава се хаотични и неразбирливи, надворешна политика е импровизација, ова не останува незабележано, откривајќи дека вчера добил повици од неколку европски амбасади, кои изразиле загриженост за начинот на гласање на земјава во Њујорк.

Од Министерството за надворешни велат дека за Филипче е поважна дневната политика, откаколу долгорочните државни интереси и повторија дека ставот е донесен врз основа на остварени дипломатски контакти, темелно извршени анализи, но и во координација со нашиот стратешки партнер – САД. Македонија е единствената држава од Западен Балкан која во Обединетите нации беше воздржана за резолуцијата за војната во Украина, поднесена од Европската унија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Судски совет не утврди неправилности во пресудата за Јованов на Даниела Алексовска Стојановска

Следна објава

Матичните лекари со едночасовен штрајк поради промените во „Мој термин“