Темен режим Режим на светлина

АНКЕТА: Граѓаните порачаа дека Владата треба да почне да штеди, но и домаќинствата да штедат

АНКЕТА: Граѓаните порачаа дека Владата треба да почне да штеди, но и домаќинствата да штедат АНКЕТА: Граѓаните порачаа дека Владата треба да почне да штеди, но и домаќинствата да штедат

Со намалување на ДДВ и акцизата кај горивата се постигна саканиот резултат – потсмирување на енергетската и ценовната криза. Владата покажува подготвеност и за други мерки ако е потребно.

А една од мерките која сега се наметнува е – штедењето.

Намалени се приходите во буџетот. И самиот премиер Христијан Мицкоски вчера посочи дека како последица на владината интервенција во цените на горивата, минусот во буџетот е еден милион евра на дневна основа.

Што во вакви услови треба да направи Владата? Да се задолжи или да почне да штеди? Граѓаните имаат јасен одговор за ова: Треба да се штеди, оти е криза. Една скопјанка ни изјави дека и Владата, но и домаќинствата во вакви ситуации треба да се однсуваат домаќински. Друг граѓанин на Скопје даде предлог да се намали итно администрацијата и да се продадат непотребни службени возила.

Јасно е дека со кратењето на непродуктивните трошоци треба да се почне веднаш. Има многу места каде треба и мора да се крати. Од намалување на големите делегации кои за се и сешто одат низ светот, а и низ Македонија. Можат таквите работи да се завршат и со помалку луѓе, како што треба да се намалат и советниците, членовите на управните одбори, намалување на патните трошоци, дневниците… и слично.

Секако, не смее да се крати кај капиталните инвестиции, во Македонија мора да се гради. Задолжувањето на земјата треба да биде што е можно помало.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Трамп со телефонско обраќање на предизборниот митинг на Орбан: Имате човек кој ја прави Унгарија силна

Трамп со телефонско обраќање на предизборниот митинг на Орбан: Имате човек кој ја прави Унгарија силна

Следна објава
По објавата на примирјето, нагло паднаа цените на сировата нафта

По објавата на примирјето, нагло паднаа цените на сировата нафта