Апасиев: Во 1-ва ИЕ требаат 10.000 гласови за пратеник, а во 6-та ИЕ 6.500, ова е уште еден случај на тиранијата на малцинството

Eдна изборна единица нема да има сѐ додека моќта на уценување не премине од ДУИ во Левица, вели пратеникот Димитар Апасиев. Тој нагласува дека во 1-ва ИЕ требаат 10.000 гласови за пратеник, а во 6-та ИЕ 6.500, ова според него е уште еден случај на тиранијата на малцинството

Левица има најголем легитимитет да зборува за овој предлог-закон, затоа што во историјата на независна Македонија, сме најоштетени политичари од овој изборен модел, со украдени четири мандати. Според анкета доставена од Парламентарниот институт, дури 2/3 од испитаниците бараат да се воведе една изборна единица (ИЕ). Тоа значи дека волјата на народот не е претставена во овој парламент. Номинално, и СДС се за една ИЕ, и ДПМНЕ се за една ИЕ, вели Димитар Апасиев, пратеник од Левица.

-Иако според ова, сите се ЗА една ИЕ, за да се знае кој е газда, „премиерот“ Артан Груби вели дека Владата на Р. Македонија, не дава позитивно мислење за предложениот текст на предлог-законот. ДУИ не дава ова да помине! Вината ја наоѓам и во овие шест пратеници од коалицијата во власта – како што ДУИ уценува, така можете и вие. Ваша моќ на уценување самите си ја потценувате. Или ви е дадена „честа под кирија“. Од Левица имате украдено четири мандати. Левица има два мандати, а со една ИЕ ќе имала пет – тоа се украдените мандати. Вие не губите, господа од власта – вие крадете! Нас во 1-ва ИЕ ни требаат 10 илјади гласови за пратеник, а на оној од 6-та ИЕ, од Тетово и Гостивар, Полог, му требаат 6 и пол илјади гласови. Ние влегуваме двајца, кои вкупно имаме 40 илјади гласови, а вие со само 12 илјади гласови. Алијанса влегува со шест пати повеќе мандати од нас, иако има само два пати повеќе гласови, истакна Апасиев.

Според него ова е уште еден случај на „Тиранска платформа“ и на рамковна тиранија на малцинството, ако се изразиме со политички некоректни термини.

Претходна вестВенко Адноновски меѓу осум светски писатели во потесен избор за Толстоевата награда
Следна вестСредношколците бесплатно ќе се возат и за време на летниот распуст