Темен режим Режим на светлина

Армијата на Србија е ставена на највисоко ниво на борбена готовност

Српскиот претседател и врховен командант на вооружените сили Александар Вучиќ потпиша наредба за подигање на борбената готовност на единиците на српските вооружени сили на највисоко ниво. Тој наредил итно движење во правец на административната линија со Косово и Метохија, дознава „Новости“.

Како што пренесуваaт „Новости“, Вучиќ на овој потег се одлучил поради насилството што специјалната полиција на косовскиот премиер Албин Курти го спроведува врз српскиот народ во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ. Тој, исто така, побара од НАТО итно да престане со насилството врз Србите.

Припадници на косовската полиција попладнево ги опколија зградите на општините во Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ, по што се вклучија сирените што жителите од тие области ги активираат за да алармираат на опасност.

Сирените за тревога се огласија и во Северна Митровица, а во Лепосавиќ нема сигнал за мобилен телефон, јавува „Косово онлајн“.

Косовската полиција фрли солзавец пред зградата на општина Звечан за да ги растера насобраните Срби. Некои медиуми јавуваат дека во Звечан одекнале три детонации. Се претпоставува дека се работи за шок бомби.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Арсовска доби потсетување дека не го исполнила ветувањето за бесплатни менструални производи во школите

Следна објава

ЕХФ го суспендира Драган Начевски под сомнение за учество во „местење“ натпревари