Темен режим Режим на светлина

Арсовска доби потсетување дека не го исполнила ветувањето за бесплатни менструални производи во школите

Не се реализира ветувањето на скопската градоначалничка Данела Арсовска за издвојување на буџетски средства за бесплатни менструални производи за скопските средношколки, укажаа денеска преставници на невладиниот сектор.

Здружението Новинари за човекови права денес со прес-конференција пред Град Скопје ја потсети Арсовска на даденото ветување во декември 2021 година и побара итен состанок со градоначалничката за брзо и ефикасно решавање на проблемот.

-Во декември 2021 година за време на јавното обраќање дадовте ветување да вклучите буџетска ставка специјално наменета за бесплатни менструални производи во градскиот буџет. Оваа објава беше дочекана со голем ентузијазам и беше оценета како значаен чекор напред во справувањето со менструалната сиромаштија и промовирањето на благосостојбата на девојчињата во средните училишта низ Скопје. Но и покрај вклучувањето на оваа ставка теоретски недостига реализација, а наменетите корисници, младите девојки од нашиот град се уште не ја добиваат поддршката што им беше ветена, рече Наташа од Новинари за човекови права

Здружението побара поголема транспарентност од градоначалничката, објаснување зошто имплементацијата две години се одлага и каде завршуваат парите на граѓаните кои не можат да се наменат за бесплатни менструални производи во школите.

Оваа одлука беше донесена по предложен амандман на советничката Теодора Крстевска во буџетот на Град Скопје за 2022 на 30 декември 2021.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Мицкоски: Информациите за редефинирање на Македонија доаѓаат од членовите на т.н. работна група

Следна објава

Армијата на Србија е ставена на највисоко ниво на борбена готовност