Темен режим Режим на светлина

Битола домаќин на квалификациските натпревари на женската фудбалска репрезентација

Битола домаќин на квалификациските натпревари на женската фудбалска репрезентација Битола домаќин на квалификациските натпревари на женската фудбалска репрезентација

Женската фудбалска репрезентација во периодот од четврти до осми февруари во Дојран ќе одржи тренинг камп со кој почнуваат подготовките за настап во квалификациите за пласман на Светското првенство.

Женската селекција квалификациите ги почнува на трети март со дуелот против Азербејџан, четири дена подоцна во Битола гостува, Андора.

Во вториот циклус на 14 април, Македонија е домаќин на Унгарија, а на 18 следува второто соочување со истиот противник.

Квалификациите завршуваат во јуни со уште два натпревари. На петти и гостуваме на Андора додека на деветти го пречекуваме Азербејџан.

Кон крајот на ланската година стадионот “Петар Милошевски” ја помина инспекцијата на Европската фудбалска унија (УЕФА) и доби лиценца за втора категорија, со што се здоби со можност да биде домаќин на големи фудбалски натпревари.

Уште една потврда за посветеноста на Општина Битола да го задржи приматот најспортски град во Македонија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Улицата „Цветан Димов“ чекор поблиску до реализација како клучен проект за Чаир

Улицата „Цветан Димов“ чекор поблиску до реализација како клучен проект за Чаир

Следна објава
Грчките служби уапсија воен офицер поради шпионажа

Грчките служби уапсија воен офицер поради шпионажа