Темно Режим Светло Режим

Браво: Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски освои најмалку бронза на Светско првенство

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски обезбеди полуфинале на Светското ВАКО првенство кое се одржува во Албуфеира, Португалија. Пласманот во полуфиналето носи најмалку бронза на Македонија на ова Светско првенство, но секако дека надежите се место во финале и борба за златниот медал.

За пласман во финалето Бобан Илиевски ќе се бори со Елјан Алкишиев од Азербејџан.

Денеска на СП настап ќе има и Климент Грозданоски, додека Андреа Костовска беше поразена на стартот од Унгарката Фани Лаура Ковач 0-3.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Голем пожар во тетовско Фалише, гори магацин на трговска фирма

Следниот Пост

Младата репрезентација на Македонија одигра нерешено со Австрија