Британка го предаде најважниот меч во животот – не сакаше да игра против жена која до неодамна беше машко

Публиката во велшкиот град Денгхишир остана изненадена пред финалето на престижниот женски турнир во билијард наречен „Шампион на шампионите“, откако британката Лин Пинчес го предаде мечот на својата ривалка која е – трансродова личност.

Станува збор за Хариет Хајнс, која пред неколку години почнала да се декларира како жена, откако претходно била маж. На снимката кога се појави се гледа како Пинчес му приоѓа на судијата и го известува дека го предава мечот зашто не сака да игра против „лажна“ жена, односно лице кое до неодамна беше машко.

Таа беше поддржана од нејзиниот брат, кој игра снукер, Бери Пинчес, кој рече дека тоа бил најважниот натпревар во животот на неговата сестра.

-Секоја чест и голема почит до мојата сестра Лин што зазеде став и не играше на најголемиот натпревар во својот животот зашто мисли дека е неправедно да се натпреваруваш против транс-жена. Овој пост е за правичност во женскиот спорт, тоа е сè. Немам проблем ако некој се идентификува како што сака да биде и немам ништо против Хајнс, напиша Бери Пинчес.

Со ова, Хајнс без борба стигна до победничкиот пехар. Слични случаи имаше и во боречките спортови, бидејќи неодамна некои жени одбиваа да се борат против трансродови жени. За тоа проговори и легендарната тенисерка Мартина Навратилова.

-И тоа почна да се случува. Жените се исклучуваат од натпреварите за кои напорно тренираа. Кажи ми како е тоа праведно?, праша Навратилова.

Претходна вестМакедонскиот шампион МЗТ Скопје убедлив против Сутјеска
Следна вестНе сакаме да не зрачат 24 часа: Станарите од зградата на „Димче Мирчев“ бр. 20 бараат реакција од институциите