Темен режим Режим на светлина

Цариниците најавуваат протест: Ако нема повисока плата може да има затворање на границите

Најава за протест со барање за поголеми плани но и можноста да се затворат граничните премини во земјава уаптија денеска вработнеите во Царинската управа. Оттаму најавија дека во петок од 12 часот во Царинската управа ќе протестираат вработените во Царина. Од Сојузот на синдикатите соопштуваат дека долгогодишните проблеми на овие вработени треба да почнат да се решаваат.

– Вработените во Царинска управа веќе години наназад иако имаат право на додаток од 30 отсто, никако не го добиваат. Министерот си обезбеди 30 отсто покачување на плата во Министерство во финансии, меѓутоа иако вработените во Царинската управа овој додаток го имаат, веќе не го добиваат, односно никогаш не го добивале. Ќе направиме предупредувачки протест за вработените во Царинска управа, кои го полнат буџетот со повеќе од 51 отсто секоја година, а за тоа веќе години и години наназад не добиле ни покачување ни додаток на плата. Знаеме дека има нов директор, чекаме прием, да видиме дали ќе нè сослуша. Не се откажуваме од барањето, со години е истото. Не нѐ интересира дали има нов или стар директор, посочија од Сојузот на синдикати.

Доколку не ги сослушаат, не се исклучува можноста овој протест да се радикализира.

– Ќе се радикализираат и протестите, размислуваме за затворање на гранични премини, предупредија од Сојузот на синдикати.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Спасовски: Случајот со Кадриески е расчистен, приведен е напаѓачот

Следна објава

Учениците на распуст, ресорното министерство не треба да има летен одмор