Темен режим Режим на светлина

Дарио Ивановски победи на Скопскиот маратон 2025

На задоволство на целокупната македонска спортска јавност најдобриот наш атлетичар Дарио Ивановски е победник на 21 издaние на Скопскиот маратон.

По победата, која Дарио ја посвети на целиот македонски народ, тој посака хамбургер и нешто да се заблажи.

До својот втор триумф на овој маратон, Дарио Ивановски стигна во време од 2 часа 14 минути и 50 секунди. Воедно Дарио е и балкански шампион бидејќи овој во скоп на маратон се одржуваше и регионалното првенство.

По победата која ја посвети на целиот македонски народ, Дарио Ивановски посака хамбургер и нешто да се заблажи.

Втор целта ја мина Џелиус Кипчоеч од Кенија кој заостана 30.секунди зад Дарио, а трет беше Грузиецот, Давити Карашвили.

Инаку годинашното издание беше рекордно, бидејќи на трките низ главниот град настапија над 14.000 натпреварувачи од 58 земји.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Три лица осомничени за злоупотреби во „Национални шуми“

Три лица фатени при нелегален транспорт на огревно дрво

Следна објава

Радев: Македонија подготвена да помогне во справувањето со последиците од поплавите