ВИДЕО: Проданоски најави изградба на нова модерна градинка во Прилеп

7

Кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски, најави изградба на нова детска градинка со современ и енергетски ефикасен дизајн, на површина од над 2.000 квадратни метри и со капацитет за 200 деца.

„Оваа градинка нема да биде само објект. Таа ќе биде порака дека ќе продолжиме да го градиме Прилеп со визија и со одговорност кон идните генерации“, истакна Проданоски.

Според него, новиот објект ќе биде целосно пристапен, безбеден и прилагоден за најмладите, со топла и поттикнувачка средина за игра, учење и растење.

Проданоски нагласи дека овој проект е дел од неговата визија за создавање на современ и функционален Прилеп, кој инвестира во квалитетно образование и подобар живот за сите генерации.

Видеото може да го погледнете тука

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестЃорѓиевски најавува кружен тек и модерни улици за подобар сообраќај во Ѓорче Петров
Следна вестКоњановски очекува силно мнозинство во Советот на Општина Битола