Темно Режим Светло Режим

Дарко Ѓукиќ е нов играч на ГРК Охрид

Дарко Ѓукиќ и Охрид ја потврдија меѓусебната соработка. Српското крило се враќа во мак-ракометот по само една година, а кариерата ќе ја продолжи крај Охридското езеро.

Договорот меѓу двете страни е во времетраење од две години. Клубот објави видео-обраќање од Ѓукиќ до навивачите и потврда за последниот потпис.

-Поздрав до сите навивачи на Охрид. Сакам да ве известам дека наредните две години ќе бидеме заедно, на иста страна. Ќе се бориме за клубот и градот Охрид, се надевам многу ќе се радуваме заедно, кратко прокоментира Ѓукиќ.

Претходниот Пост

Скопје домаќин на лидерската средба ЕУ - Западен Балкан

Следниот Пост

Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје