Полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека најголемата закана за трансатлантската заедница не се надворешните непријатели, туку внатрешното разградување на сојузот. Ова негова изјава доаѓа во период на сè подлабокиот раскол во рамките на НАТО околу американско-израелската војна против Иран.
„Најголемата закана за трансатлантската заедница не се нејзините надворешни непријатели, туку постепеното распаѓање на нашиот сојуз. Сите мора да направиме сè што е во наша моќ за да го свртиме овој катастрофален тренд“, напиша Туск на социјалната мрежа X.
Неговата објава особено се поврзува со најавата од Вашингтон за повлекување на околу 5000 американски војници од Германија. Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за намалување на военото присуство во Германија, откако канцеларот Фридрих Мерц ги критикуваше САД поради недостаток на стратегија за излез од војната со Иран. Мерц при тоа оцени дека иранскиот режим ги понижил Американците во преговорите.
Покрај од Германија, Трамп изрази незадоволство и од Италија и Шпанија и најави можност за повлекување на американските сили и од овие земји. Тој изјави дека тие држави „не биле тука кога САД ги требале“, алудирајќи на војната со Иран.





