Темен режим Режим на светлина

Двапати се обидел да прегази полицајци, приведени две лица

26-годишник од Зелениково бил нападнат од двајца малолетници со тврд предмет 26-годишник од Зелениково бил нападнат од двајца малолетници со тврд предмет

Двајца млади охриѓани биле уапсени по драматичен инцидент на регионалниот пат Охрид – Струга, откако возачот на колата во која се возеле се обидел да избега и со возилото директно тргнал кон полицајци, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил вчера околу 16 часот, кога криминалистичка патрола на СВР Охрид се обидела да запре патничко возило „поло“ со охридски регистарски таблички. Автомобилот го управувал Е.О. од Охрид, а со него биле и двајцата сопатници – 20-годишниот А.А. и 24-годишниот Ј.Ј.

Наместо да застане, возачот нагло ја зголемил брзината и со автомобилот се упатил директно кон полицајците, по што избегал од местото на настанот. Кратко потоа, полициските екипи ги пронашле сопатниците во селото Требеништа, во општина Дебрца, каде што биле уапсени.

Драмата продолжила и подоцна. По извесно време, на местото се појавил и возачот Е.О., овој пат зад воланот на „фолксваген туран“, при што повторно со голема брзина се упатил кон полицајците и уште еднаш избегал.

Од полицијата информираат дека потрагата по возачот е во тек.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Од 11 часот затворен граничниот премин Евзони

Следна објава

Голем руски напад ја остави Украина во мрак: Погодени пет региони