Темен режим Режим на светлина

Голем руски напад ја остави Украина во мрак: Погодени пет региони

Повеќе од еден милион домаќинства ширум Украина останаа без електрична енергија по масовниот руски ноќен напад врз енергетската мрежа и индустриските капацитети на земјата, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на украински официјални извори.

Украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко соопшти дека нападите зафатиле пет региони, при што биле повредени пет лица. Надлежните служби сè уште работат на гаснење на пожарите и постепено обновување на електроснабдувањето.

Според Би-Би-Си, Русија континуирано ја таргетира украинската енергетска инфраструктура од почетокот на војната, но интензитетот на нападите значително е зголемен со приближувањето на зимата.

Меѓу најтешко погодените региони е јужната област Одеса, каде што локалните власти соопштија дека ова бил најголемиот напад од почетокот на конфликтот пред речиси четири години.

Нападот се случи во пресрет на најавените преговори во Берлин, закажани за понеделник, на кои ќе учествуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски, европски лидери и специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави, со цел пронаоѓање решение за ставање крај на војната.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
26-годишник од Зелениково бил нападнат од двајца малолетници со тврд предмет

Двапати се обидел да прегази полицајци, приведени две лица

Следна објава

(Видео) МВР расчистува напад врз ученици во Сарај, идентификувани шест сторители