Темен режим Режим на светлина

Шри Ланка во црно: 643 жртви од разорниот циклон Дитва

Бројот на загинати од разорниот циклон Дитва, кој ја погоди Шри Ланка, се искачи на 643 лица, соопшти Центарот за управување со катастрофи во земјата.

Според официјалните податоци, вкупно 2,2 милиони луѓе се погодени од циклонот, од кои околу 1,7 милиони се сериозно засегнати од последиците, објави порталот „Dailymirror.lk“.

Генералниот директор на Центарот, Сампат Котвегода, изјави дека приближно 495.000 семејства биле директно погодени од циклонот и од поплавите и свлечиштата што следеле по него. Во моментов, 211 лица сè уште се водат како исчезнати, според извештаите доставени од окружните канцеларии за координација.

Операциите за пребарување и спасување продолжуваат во областите погодени од свлечишта и во други критични зони зафатени од катастрофата.

Котвегода нагласи дека иако дел од жителите одбиваат да ги напуштат погодените подрачја, владата засега нема намера да спроведува присилни евакуации. Дел од раселените лица, наместо во формални центри за згрижување, моментално престојуваат кај свои роднини.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

АХВ: Неисполнети услови за увоз, пилешкото месо вратено во Бразил

Следна објава

(Видео) Терористички напад на плажата Бонди: Најмалку 12 загинати во Сиднеј