Двојно убиство се случило вчера во Челопек, тетовско, а во инцидентот е повредено уште едно лице.
Според првичните информации убиени се татко и син, а во нив пукал повозрасен маж кој исто така во инцидентот се здобил со повреди и итно е пренесен во Клиничката болница.
Од Секторот за внатрешни работи Тетово соопштија дека полициски службеници го лишиле од слобода лицето И.
И., на возраст од 60 години, за кого во 14:10 часот било пријавено дека со огнено оружје усмртил двајца соселани и роднини и ранил едно лице.
-Станува збор за нерасчистени имотни односи во едно семејство.
Тоа се првите сознанија кои ни ги пратија колегите од терен. Очекуваме наскоро да се заокружи целиот процес и да имаме детални информации за случајот, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Повредените и убиените се роднини, а мотивот на денешниот инцидент бил банален. Според мештаните на тетовското село Челопек, инцидентот настанал откако претходно настанала вербална расправија за паркинг простор.
Полицијата и Јавното обвинителство извршиле увид, а местото каде што се случил инцидентот било под силно полициско обезбедување.





