Темен режим Режим на светлина

Еколошка акција за подигање на кабаст отпад во Ѓорче

Од Општина Ѓорче Петров известуваат дека во текот на наредниот период, започнувајќи од утре, Комуналниот пункт во Ѓорче Петров во соработка со јавното претпријатие Комунална Хигиена ќе спроведе редовна еколошка акција за подигање на кабаст отпад од сите улици кои го опфаќаат урбаниот и руралниот дел од општината.

Граѓаните ќе бидат навремено известени за подигање на кабаст отпад во нивното место на живеење. Акцијата ќе се спроведува во понеделник и четврток и ќе опфати четири реони: прв: Хром, Ѓорче Петров – левата страна од улица „Ѓорче Петров“), втор (Ѓорче Петров, Мирче Ацев, Дексион – десната страна од улица „Ѓорче Петров“), трет: (Даме Груев и Ново Село) и четврт реон (Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука и Орман).

Под кабаст отпад се подразбира: кревети, стар мебел, врати, прозорци, апарати за домаќинство. Кабастиот отпад треба да биде одложен пред дворното место до 8 часот, бидејќи комуналните работници ќе го складираат отпадот започнувајќи од 8 часот, за да не дојде до пропуштање на чиј било отпад кој ќе биде изваден на видно место по одреденото време.

Од локалната самоуправа апелираат до жителите кабастиот отпад да го изложуваат пред нивното дворно место, точно во денот којшто е предвиден за подигање отпад во нивниот реон и да не го оставаат до контејнерите што служат за комунален отпад.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Уапсен косовски државјанин кој во Кондово криел арсенал со оружје

Следна објава

Состојбата со водостоите се смирува, од утре стабилизација на времето