Темен режим Режим на светлина

Уапсен косовски државјанин кој во Кондово криел арсенал со оружје

Три рачни бомби, еден рачен ракетен фрлач -зоља, еден пиштол, еден дел од пиштол, четири рамки од автоматска пушка, 164 куршуми различен калибар и шест ловни патрони.

Ова го пронашле полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција во координација со Одделот за крминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, при денешниот претрес во дом кај Г.Б. (37), државјанин на Косово со живеалиште во село Кондово, скопско, и кај неговата партнерка А.Ѓ. (34) во Скопје.

Лицата се лишени од слобода и задржани во полициска станица и против нив, во консултација со јавен обвинител, по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка“, се наведува во соопштението од МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Алкалоид е победник на турнирот „Марко Божиновски“

Следна објава

Еколошка акција за подигање на кабаст отпад во Ѓорче