Опозициската коалиција „Европски фронт“ предводена од Демократската унија за интеграција (ДУИ) вчера во Собранието поднела иницијатива за интерпелација на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.
За предлогот за интерпација на Костадиновски денеска на прес-конференција во Собранието информираше пратеникот од редовите на ДУИ, Илир Хасани, кој рече дека таа е поднесена врз основа на членот 72 од Уставот на Република Северна Македонија.
Според пратеникот на ДУИ, Костадиновски свесно ги прекршил Законот за употреба на јазиците и членот 101 и, како што рече, Законот за Уставниот суд (Овде Хасани најверојатно мисли на членот 101 од Актот на Уставниот суд на РСМ) бидејќи Закон за Уставен суд не постои во правниот поредок на државата).
Хасани нагласи дека оваа иницијатива не е со цел да се изврши притисок врз Уставниот суд, како што тоа било случај со претходните интерпелации кои, иако не ги спомена, од контекстот можеше да се препознае дека мисли на оние за петмината членови на Судскиот совет.
Овие интерпелации, како што рече, биле од политичка природа со намера да ги принудат функционерите да поднесат оставки, додека целта на иницијативата за интерпелација на претседателот на Уставниот суд е да покрене институционална дебата за функционирањето на оваа институција и улогата на нејзиниот претседател во почитување на Уставот и важечките закони.
-Како и да покажеме што г. Костадиновски има против албанскиот јазик и зошто ги има тие предрасуди кон албанскиот јазик“ рече Хасани.
Образложувајќи ги причините за интерпелацијата, пратеникот на ДУИ спомена интервју на Костадиновски од август 2024 година, во која оценува дека Законот за употреба на јазиците предизвикал политички хаос, а наведе и дека претседателот на Уставен имал навредливи изјави за самиот Закон за употреба на јазиците.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



