Фатен тинејџер од Скопје кој само месецов ограбил седум спортски обложувалници

Седумнаесетгодишник од селото Зелениково, Скопско само во текот на овој месец успеал да ограби седум спортски обложувалници на повеќе локации во Скопје.

Три други обложувалници ограбил во март и април годинава, а уште едно дело извршил во декември минататата година, информираа од полицијата.

„Денеска во угостителски објект на подрачјето на Аеродром лишен е од слобода 17-годишник од с.Зелениково, скопско, поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „разбојништво“ на 27 мај во 18.30 часот во спортска обложувалница во населбата Драчево. Тој е приведен во полициска станица и при извршен службен разговор во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетници, признал дека извршил уште десет кривични дела „разбојништво“ и тоа: на 27.05.2022 во уште две спортски обложувалници со закана кон вработените одзел пари, на 26.05.2022 во спортска обложувалница на подрачјето на Карпош, на 23.05.2022 во обложувалница на подрачјето на Аеродром, на 17.05.2022 во обложувалница на подрачјето на Кисела Вода, на 06.05.2022, на 30.04.2022, на 27.03.2022, на 23.03.2022 и на 03.12.2021 во обложувалници на подрачјето на Аеродром“, велат од МВР.

Кај лицето биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичните дела. Во координација со Јавен обвинител за малолетници, по документирање на случаите, против него ќе следи соодветна кривична пријава.

Претходна вестЗа еден ден казнети 166 пешаци поради поминување улица надвор од пешачки премин или на црвено светло
Следна вестРаботник почина од струен удар во фабрика во Струшко