Темен режим Режим на светлина

Филипче: Опаѓа бројот на новoзаразени, следната недела ќе зборуваме за типот на рестриктивни мерки

Епидемиолошката состојба предизвикана од корона вирусот последните денови се подобрува, опаѓа бројот на нови случаи и верувам дека таков тренд ќе продолжи, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Се бележат тредови на опаѓање на новодијагностицирани случаи, а нешто што е многу значајно е што се намалува и бројот на прегледи во сите ковид-центри во сите градови. Сериозно значајно е намален притисокот за прием на пациенти во болнички установи и има голем број слободни болнични кревети, рече Филипче.

Од денеска ќе се почне и со ослободување на дел од одделенијата кои беа дополнително ангажирани во овој период да третираат ковид-пациенти.

– Верувам дека овие трендови ќе продолжат, оти нема да има нешто што ќе нѐ изненади, а на почетокот на следната недела ќе зборуваме понатаму и за типот на рестриктивни мерки кои ќе ги предложиме, рече министерот за здравство на прес-конференцијата одржана во пунктот за вакцинација во салата „Борис Трајковски”.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Јавниот превоз во Скопје викендов ќе сообраќа до 20 часот

Следна објава

Пазарен инспектор ли ќе го разреши пазарот околу рамковно вработените и „војната“ меѓу Заев и Пауновски?