Темен режим Режим на светлина

Фрлена експлозивна направа во седиштето на владејачката партија во Холандија, нема повредени

Фрлена експлозивна направа во седиштето на владејачката партија во Холандија, нема повредени Фрлена експлозивна направа во седиштето на владејачката партија во Холандија, нема повредени

Во седиштето на владејачката холандска партија Демократи 66 (Д66) во Хаг доцна синоќа се случи експлозија, а полицијата соопшти дека е уапсен осомничен. Според информациите, во просториите била фрлена експлозивна направа, најверојатно пиротехничко средство, кое предизвикало материјална штета.

Во моментот на експлозијата во објектот имало околу 30 лица, но нема повредени.

Премиерот и лидер на Д66, Роб Јетен, изјави дека направата била фрлена преку поштенското сандаче и го нарече нападот „кукавички чин на заплашување“. Министерот за внатрешни работи Питер Херма порача дека насилството нема место во демократијата, а нападот беше осуден и од коалициските партнери.

Д66 е центристичка и проевропска партија која лани победи на изборите во Холандија, надминувајќи ја крајно десничарската Партија на слободата на Герт Вилдерс.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Зеленски: Разговорите во Абу Даби треба да доведат до траен мир

Зеленски не им „препорачува“ на странските државници да одат во Москва на воената парада на 9 мај

Следна објава
Опери од Верди и Пучини и балет од Чајковски на 54. Мајски оперски вечери

Опери од Верди и Пучини и балет од Чајковски на 54. Мајски оперски вечери