Светот долго време нема да се врати во „нормалноста“ поради пандемијата. Ова го истакнал водечкиот германски виролог Кристијан Дростен. Тој исто така вели дека не верува во можноста за слободно патување во текот на ова лето.
За јавниот сервис АРД, Дростен предупредува на влошување на епидемиолошката ситуација на пролет. Според него по Велигден сè уште нема да има доволно вакцинирани луѓе и предупреди дека ако мерките се олабават тогаш, ќе има ново силно ширење на корона вирусот.
Дростен смета дека се корисни засилените гранични контроли и намалениот обем на воздушниот сообраќај.
Што се однесува до летото 2022 година, Достен е убеден дека ќе изгледа подобро.