Заедничката одлука на Вимблдон и ЛТА, да ги протераат играчите од Русија и Белорусија, од тревнетите терени во југозападен Лондон, одекна како бомба во светот на тенисот. Имено, поради руско – украинскиот сидир, организаторот на Вилмблдон, донесе одлука да им го забрани учеството на тенисерите и тенисерките Русија и Белорусија.
По оваа одлука веднаш се огласи АТП и ја осуди одлуката на Британците. Нивниот став го дели и најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.
-Ја осудувам војната, како дете го искусив тоа, знам какви емотивни трауми може да остави. Ние во Србија знаеме што се случуваше 1999 година, секогаш пати народот. Не можам да ја поддржам одлуката на Вимблдон, мислам дека е луда. Ништо добро не може да излезе кога политиката ќе се вмеша во спортот, рекол Ѓоковиќ, пренесува Макфакс.
Според одлуката годинешното издание на Вимблдон се очекува да го пропуштат неколку големи ѕвезди на светскиот тенис: Данил Медведев, Андреј Рубљов, Арина Сабаленка, Викторија Азаренка, Анастасија Пављученкова, Карен Хачанов…




