Најавена разврска околу воените дејствија во Мариупол – Украина. Имено, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го информираше претседатело Владимир Путин за успехот на руската армија во овој украински град. Тој рече дека руските војници го зазеле Мариупол.
Според извештаите, министерот за одбрана го информирал Путин за следните информации:
Русија го зазеде Мариупол. Ситуацијата е мирна, што го отвора патот за враќање на цивилите.
Русија евакуираше повеќе од 142.000 цивили од Мариупол.
1478 украински борци веќе се предале, но повеќе од 2.000 украински борци сè уште ја бранат металуршката фабрика „Азовстал“.
Фабриката „Азовстал“ е безбедно блокирана.
По ова Путин му честитал на Шојгу за успешната операција и рекол дека нема потреба да се упадне во фабриката „Азовстал“, туку дека таа треба да биде блокирана „за да не помине ниту една мува“.
-Секогаш треба да размислуваме, а во овој случај уште повеќе, за зачувување на животот и здравјето на нашите војници и офицери. Нема потреба да се качуваме во овие катакомби и да ползиме под земја низ овие индустриски капацитети, рекол Путин.
Рускиот претседател ја повторил руската гаранција дека нема да убива војници кои се предаваат.




