Истражување: Ако има војна 51 процент од граѓаните не би се бореле за Македонија

Ако има војна во која е вклучена и вашата држава, дали би се бореле за својата земја? На ова прашање „Да“ одговориле 34 отсто од анкетираните во Македонија, „не“ одговориле 51 процент, а 15 отсто– не знам/не дале одговор, објави Дојче веле.

Ова го покажува новото истражување на Светската асоцијација „Галуп интернешнл“ спроведено во 45 земји во светот, репрезентативно за повеќе од половина од светската популација. Интервјуирани биле вкупно 46.138 лица, телефонски, онлајн или лице в лице, во периодот од октомври до декември 2023 година. Во Македонија, лице в лице биле интервјуирани 1.202 полнолетни граѓани, во периодот од први до 21-ви декември 2023 година.

Дали Македонија отскокнува од ставовите по ова прашање во споредба со земјите од ЕУ? Одговорот е – не!

Ако се гледа процентот во ЕУ според вкупните резултати, оние кои би се бореле за земјата се 32 отсто, оние кои не би се бореле е 47 отсто, а 21 процент немаат одговор.

-Денес помалку луѓе во светот се подготвени  да се борат за својата земја  во споредба со пред една деценија, оценуваат истражувачите.

Ако на крајот од 2014 година подготвеноста за учество во борба во светски рамки била 61отсто, на крајот од 2023 година таа паднала на 52 отсто. Пред десет години 27 проценти биле против учество во борба, а на крајот од 2023 година така се изјасниле 33 отсто.

Претходна вестФон дер Лајен пак ни кажа дека ЕУ многу го сака Западен Балкан во своите редови
Следна вестОдбележување на Денот на италијанскиот дизајн 2024 во Чифте амам