Темен режим Режим на светлина

Изборот на нов претседател на Советот на ЈО одложен за по изборите

ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје

Советот на јавните обвинители денеска ја одржа 28-та седница на која донесе одлука за престанок на функцијата претседател на Советот Душица Димитриеска, поради истек на мандат на 1 октомври годинава, а изборот на нов претседател го одложи додека траат локалните избори, така што до изборот на нов претседател со Советот на јавните обвинители ќе раководи заменик претседателот на Советот, Башким Бесими.

Под точка разно, се вели во соопштението по седницата, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски се осврнал на проблемите со кои се соочува обвинителството, со недостиг на јавнообвинителски кадар, јавнообвинителски службеници, како и финансиски средства за нормално функционирање на јавното обвинителство.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Убиена жена, неколкумина ранети при пукање во Белград

Следна објава

Мециновиќ: Од сабајле до вечер ќе бидеме на терен со граѓаните