Темен режим Режим на светлина

Изгор летото се враќа од среда

Под влијание на топла воздушна маса од југ, од денеска до крајот на оваа седмица времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината.

Во следните денови на повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени. Најтопло ќе биде од среда до недела кога ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 9. Наместа долж Повардарието температурата ќе го надмине и 40-тиот степен, соопшти УХМР.

Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста и во северозападните, претежно планински подрачја, ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Максималната температура во интервал од 32 до 38 степени и УВ-индексот со вредност 8.

Во Скопје денеска е сончево и топло со мала до умерена облачност  и слаб до умерен ветер од северозападен правец и температура до 37 степени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

За Вељаноски шест ипол, за Јанакиески и Ристовски по 6 години и 3 месеци затвор за организирање на „27 април“

Следна објава

За бугарски експерт, да се бара признавање бугарско малцинство во Македонија е идиотско решение, но дали властите се согласни со тоа?