Измамени две жени, платиле за дрва на маж, тој ги замал парите и повеќе не се вратил

63-годишна кумановчанка и нејзината комшивка платиле на човек за да им донесе огревни дрва. Тој ги земал парите и не се вратил

– На 28.10.2023 во 15.00 часот во СВР Куманово, 63-годишна жена од кумановско село пријавила дека таа и нејзина сосетка биле измамени од едно лице. Лицето дошло во дворот на нејзината сосетка и им понудило огревни дрва, по што двете му дале вкупно околу 8000 денари. Како што е пријавено, лицето ги зело парите и заминало, но не се вратило, по што сфатиле дека биле измамени, информираат од МВР.

МВР информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестСкомрахи од 1 до 5 ноември во Скопје
Следна вестОН: Децата во Газа немаат друг избор освен да пијат солена вода