Кардиолог предупредува: Oваа навика го уништува вашето срце, но и целокупното здравје

Една навика има разорно влијание врз здравјетто на срцето, но и на целокупното здравје тврдат кардиолозите. Тоа е пушењето цигари велат тие.

-Пушењето значително го зголемува ризикот од мозочен или срцев удар. Редовното консумирање цигари може да предизвика собирање на сѐ во коронарните артерии, што може да го зголеми и нивото на холестеролот, вели кардиологот Нормалн Лепор.

Освен што значително го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести, пушењето значително го зголемува и ризикот од канцер. Затоа докторите ги поттикнуваат сите кои пушат да разговараат со своите матични доктори за тоа што би можело да им помогне за да се одвикнат од таа лоша навика.

Според истражување кое го пренел „Science Alert“, лицата кои ќе престанат да пушат пред 35-та година имаат речиси идентична стапка на смртност како и оние луѓе кои никогаш не запалиле ниту една цигара.

Според последните податоци на „Евростат“, членките на ЕУ во кои најмногу се пушат цигари се: Бугарија со 28,2 отсто жители постари од 15 години кои редовно консумираат цигари, а потоа на листата е Грција со 27,2 отсто, па Унгарија со 25,8 отсто, па Хрватска со 24,9 отсто.

Претходна вест„Вашингтон пост“: Бајден дозволи на Украина да и се испорачаат касетни бомби од резервите
Следна вестНова поетска книга на академик Влада Урошевиќ на руски јазик