Казнети 11 лица кои возеле без возачка дозвола

При сообраќајни контроли низ скопските улици во текот на вчерашниот ден повторно се регистрирани голем број прекршоци. Снакционирани се 150 возачи.

 – Од вкупниот број изречени мерки, 5 се за возење повеќе од дозволената брзина, 11 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), известуваат од МВР.

Сообраќајни контроли се најавени и во следните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи се со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Претходна вестПрезафатени се, го заборавија опасното загадување во Скопје
Следна вестТензично во Албанија: Демонстрантите и полицијата се судрија пред парламентот