Полицијата вчера казнила 642 лица за неносење заштитна маска.
МВР соопшти дека во текот на изминатото деноноќие (11/12.12.2020 година) на територијата на државата, по однос на мерката за не носење лична заштита на лице, регистрирани се 642 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.