Темно Режим Светло Режим

Ќе одговара ли некој за тоа што студентите од „Кузман“ се смрзнуваат?

Студентите од домот „Кузман Јосифовски Питу“ од 4 јануари се смрзнуваат бидејќи се без греење и топла вода. Причина било што Дирекцијата за нафта и нафтени деривати на домот не му испорачала екстра лесно гориво. Ги информирале дека тоа ќе трае се до 31 јануари бидејќи кај нив се вршел попис па нема да вршат испораки. Поради тоа судентите сега треба да страдаат, да се мачат со снаоѓање како да ги загреат собите, како да се избањат со топла вода…

А сето тоа заради нечија неспособност или несериозност да предвиди дека во јануари ќе биде потребно гориво за загревање на котлите во домот. Ако веќе Дирекцијата за нафта и нафтни резерви не ги информирала дека ќе прави маратонски попис кој ќе трае цел месец (!?), како тоа надлежните од домот на време не помислиле дека треба да обезбедат гориво за јануари. Надлежните за ова паднаа на испит. А за тоа се знае што треба да следи…

Не е познато дали во меѓувреме студентите ќе прават ли попис на смрзнати… 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Времето денес: Облачно со дожд и снег на повисоките места

Облачно и студено време, вечерва се очекува и снег

Следниот Пост

221 санкциониран возач во Скопје, 58 за преголема брзина