Темно Режим Светло Режим

Ќе се доградуваат недовршените згради кај Ректоратот на УКИМ

По деценија стагнација, Министерството за образование и наука (МОН) конечно го покрена процесот за довршување на двата недовршени објекти кај Ректоратот на УКИМ.

Според најновите планови, двете згради ќе ги користи исклучиво ФИНКИ, додека за Факултетот за физичко образование ќе се гради нов објект на неговата сегашна локација.

Проф. д-р Горан Марковски, кој ја координираше стручната анализа, открива дека објектите повеќе нема да имаат барокни фасади и ќе бидат естетски усогласени со кампусот на УКИМ.

Зградите ќе бидат подземно поврзани со паркинг, а ќе имаат и „топла врска“ за функционални потреби на факултетот. Тендерот за репроектирање веќе заврши, а се очекува до крајот на 2026 година да биде избран и изведувач кој ќе ја заврши градбата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

На "далтонистите" возачи “Сејф сити“ со казни ќе им го поправа видот за да прогледаат дека црвеното на семафорот е црвено

Следниот Пост

Фрлена бомба во имот поврзан со Здравко Чолиќ